Нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид веќе десетина години во периодот од почетокот на декември до крајот на февруари секоја вечер го следат мрестот на охридската пстрмка.
– Овој исконски ритуал кој е поврзува со самото настанување на езерото е привилегија за нуркачите од „Амфора“ кои пред мрестот ги чистат местата од цврст отпад и нечистотии на длабочина од 2 до 40 метри за да можат пастрмките на чист терен да ја положат икрата – соопшти претседателот на центарот, Јован Секулоски.
Воедно тие ги пратат навиките на пастрмките и ги документираат со подводни фотографии и видео материјал, а со единствена цел заштита на популацијата на охридската пастрмка.