Пет лица се повредени во руски напад врз пазар во градот Берислав во јужна Украина.
– Утринава Русите го нападнаа центарот на Берислав, го гранатираа градскиот пазар – објави на Телеграм Јарослав Јанушевич, гувернер на Херсонската област каде што се наоѓа Берислав.
– Се претпоставува дека нападот бил извршен од привремено окупираната Каховка – додаде тој.
Каховка се наоѓа на спротивната страна на реката Дњепар. Јанушевич рече дека од петмината повредени, три лица се во критична состојба.
Русите вчера нападнаа и делови од Херсонската област под контрола на Украина, при што загина едно лице, а четворица се повредени.