Мал спортски авион денеска се урна во областа Приједор. Несреќата се случила кога авионот паднал во нива покрај главниот пат Приједор-Козарска Дубица, а според неофицијални информации загинале две лица.
Според Српскаинфо несреќата се случила околу 15.00 часот.
Авионот околу 15 часот паднал во поле во близина на главниот пат Приједор-Козарска Дубица, во близина на кривината кон Црна Долина.
Местото на несреќата го обезбедуваат припадници на полициската управа Приједор, а присутни се и припадници на Територијалната противпожарна единица за спасување.
На местото на несреќата пристигна и градоначалникот на Приједор.