Најголемите ѕвезди на фудбалот се простија од Пеле преку своите официјални профили на социјалните мрежи.
Легендарниот бразилски фудбалер Пеле почина на 82-годишна возраст, а веста за неговата смрт ја соопшти неговото семејство.
Најемотивни пораки испратија Нејмар и Кристијано Роналдо, додека од Бразилецот се простија исто така и Лео Меси и Килиан Мбапе.
„Моето најдлабоко сочувство до цел Бразил, а особено до семејството на Едсон Арантес до Насименто. Самото „збогум“ со вечниот крал Пеле никогаш нема да биде доволно за да се изрази болката што моментално го опфаќа целиот фудбалски свет. Инспирација за толку многу милиони, референца за вчера, денес и засекогаш. Љубовта која секогаш ми ја покажуваше беше возвратена во секој миг поминат заедно, макар и од далечина. Никогаш нема да биде заборавен и неговиот спомен ќе живее вечно во секој од нас фудбалските обожаватели. Почивај во мир, кралот Пеле“, рече Кристијано Роналдо.
„Кралот на фудбалот нè напушти, но неговото наследство никогаш нема да биде заборавено“, напиша Мбапе.
„Почивај во мир, Пеле“, напиша Меси.
„Пред Пеле, „10“ беше само бројка. Го прочитав тој израз некаде, во одреден момент од мојот живот. Но, таа реченица е убава и нецелосна. Би рекол дека пред Пеле фудбалот беше само спорт. Пеле промени сѐ. Фудбалот се претвори во уметност, во забава. Им даде глас на сиромашните, црнците и особено: Му даде видливост на Бразил. Фудбалот и Бразил го подигнаа својот статус благодарение на кралот! Го нема, но неговата магија ќе остане. Пеле е ВЕЧНО!”, изјави Нејмар.