Хрватскиот музичар и пејач Масимо Савиќ почина на 60-годишна возраст.
Веста за неговата смрт ја соопшти неговото семејство.
– Нашиот татко, сопруг, гордост и љубов, Масимо Савиќ, нѐ напушти по кратка, но херојска борба. Иако го напушти овој свет, вечно ќе живее во нашите души; насмеан, топол, силен, полн со љубов и исткаен од уметност. Ние ќе бидеме ваши девојки засекогаш. Ани и Мирна – објавија неговата сопруга и ќерка на неговата официјална страница.
Савиќ поголемиот дел од своето детство го поминал во Истра, иако неговите животни околности го однеле најпрво во Италија, потоа во Австралија. Тој посетува средно училиште и завршува во Загреб, каде започнува неговата музичка кариера.
Во 1983 година како водач на легендарната група „Доријан Греј“ го издава првиот албум „Сјај во темнина“, а две години подоцна и вториот албум „За твоите очи“. Бендот се подели во 1986 поради финансиски проблеми.
По распадот на групата започна со успешна независна кариера и објави четири албуми во соработка со Зринко Тутиќ.
По неколку номинации, во 2004 година конечно ја доби наградата „Порин“ за најдобра категорија на вокални изведби. Успехот се повтори повторно во следните две години.