„Чест и вест“ последното дело од починатиот новинар Тачко Локвенец, кој цел работен век го помина како дописник на „Нова Македонија“, денеска беше постхумно промовирано во библиотеката „Борка Талески“ во Прилеп.
За книгата говореше новинарот Иван Бојаџиски, потенцирајќи го раскошното перо на починатиот Локвенец, чии текстови беа вистински новинарски деликатес на задоволство и на најистенчените читателски вкусови.
За творечкиот пат на новинарот, кој остави илјадници текстови во „Нова Македонија“, а почина пред една година, се осврна новинарот Ерол Ризаов.
Извадоци од книгата, чиј уредник е Емилија Локвенец, читаше актерот Игор Трпчески.
Ка.М.