Домување
За да го организирате вашиот плакар, пред сѐ, потребни ви се малку волја и план за организација, а во продолжение ви пренесуваме неколку совети што долгорочно ќе ви го олеснат животот.
Видливоста е клучна: Добро организиран плакар го олеснува изборот на облека, а првиот чекор е сѐ да биде прегледно и веднаш да видите што ви е достапно. Совет е да имате полици во внатрешноста, за да можете истовремено да гледате што виси, а што е здиплено и да смислите комбинација.
Наредете сè според начинот на кој го носите: Работите што ги носите почесто нека ви бидат подостапни, а работите што ги носите поретко може да бидат некаде зад нив. Во зависност од тоа што прво облекувате, на пример ставете ја долната облека поблиску од панталоните, маиците, потоа кошулите и другите парчиња облека. Но сето тоа е лично и можеби вам ќе ви одговара различен распоред.
Направете зона за работите што ќе ги облечете повторно: Одредени парчиња облека мора да се исперат веднаш по секое носење, но има и такви што можете да ги носите повеќе од еднаш пред да треба да завршат во кошницата за перење.
Што да закачите, а што да здиплите: Многу е важно што треба да се закачи на закачалките, а што да се здипли и да се стави на полиците. Општо правило е дека она што е ткаено треба да виси, а она што е шиено да се свитка. Парчињата како деловни кошули, јакни и костуми мора да се закачат за да се спречи туткање, додека долгите тешки фустани треба да се избегнува да се закачуваат, бидејќи може да ја изгубат формата во рамената. Плетената облека треба да се здипли, затоа што ако е закачена, со текот на времето може да се растегне и да ја изгуби формата.