Бугарската еврокомесарка Марија Габриел вчера ја коментираше одлуката на холандскиот премиер Марк Руте, Хаг да не го поддржи влезот на Бугарија Шенген.
Таа истакна дека кога се исполнети критериумите, земјите-членки треба да донесат соодветна одлука.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, Габриел изрази надеж дека има уште време до 8 декември, кога Европскиот совет треба да ја донесе конечната одлука.
Габриел наведе дека и е драго што ЕК цврсто застана зад трите земји – Бугарија, Романија и Хрватска и оти „искрено се надева дека во оваа ситуација нема да се користат аргументи за кои нема место во оваа дискусија“.