Еден од најпознатите италијански кантавтори, Виничо Капосела, ќе ја затвори во Скопје балканската турнеја во вечерва во 20 часот во Музејот на македонската борба. Тој во придружба на Виктор Хереро, Андреа Ламаќиа и Винченцо Вази, ќе изведе репертоар на
италијански фолклорни песни.
Концертот е застапен од ИМАРТС (International Music And Arts) со поддршка на регионот Емилија-Ромања, во организација на Амбасадата на Италија во Скопје и Италијанскиот
институт за култура од Белград и во соработка со Музејот на македонската борба во Скопје.
Помеѓу 2 и 8 ноември балканската тура ќе ги опфати градовите Белград, Скутари, Тирана и Пеја (Печ).
Кантавтор, трубадур, поет, Виничо Капосела (Хановер, 1965) дебитираше во 1990 година со албумот „All’una e ttrentacinque circa“ кој му ја донесе и неговата прва плакета Tenco. Следат „Modì“ (1992) и „Camera a sud“ (1994), а во 1996 година доаѓа и „Il ballo di San Vito“. Две години подоцна се раѓа и првиот албум во живо: „Liveinvolvo“. Во 2000та се раѓа и „Canzoni a Manovella“. Во 2004 година го објавува својот прв роман со издавачката куќа Фелтринели: „Не се умира секое утро“. Последователните албуми, „Ovunque Proteggi“ (2006), „Alone“ (2008) и „Sailors, Prophets and Whales“ (2011), се развиваат на различни теми кои гравитираат околу човекот, од што следат и многу успешни спектакли. „Rebetiko Gymnastas“ од 2012 година, со стари песни во ребетико стил и музика по книгата Tefteri (Saggiatore) и филмот „Indebito“. Во 2013 година се раѓа Sponz Fest: фестивал кој сега влегува во своето десетто издание, а чиј што идеатор и оснивач е Капосела (сè уште е уметнички директор на истиот).
Истата година се јавува и продукцијата на „Primo ballo“ со групата Banda della posta, со дела за народна танцова музика. Од руралниот свет на потекло „Il Paese dei Coppoloni“, кандидат на издавачката куќа Фелтринели за наградата Strega (2015) и „Canzoni della Cupa“ (2016). Во 2017 година уметникот ја освојува престижната награда Tenco.
Во 2019 година го објавува „Ballate per uomini e bestie“, исто така награден со плакетата Tenco. На 14 февруари 2020 година излегува „Bestiario d’amore“, еп во трубадурски дух. По прекинот на концертните активности заради пандемијата предизвикана од Ковид19, во 2021 година Виничо Капосела ја продолжува турнејата со албумот „Bestiario d’amore“, и дебитира со спектаклот „Bestiale Comedìa”, концерт со кој се прослави и јубилејот 700 години од смртта на Данте Алигиери.
Билетите за концертот се бесплатни, но во ограничен број.
Местата можат да се резервираат на следната меjл-адреса: [email protected]