Фото: Фејсбук/Билал Касами

Терминот „20 отсто“ за Албанците треба да се отстрани доколку Уставот се отвори за евроинтегративните прашања, рече лидерот на Движењето БЕСА, Биљал Касами, во вечерашното гостување во емисијата „Клик плус“ на ТВ21, додавајќи дека албанскиот народ бара разбирање од сограѓаните Македонци по ова прашање.

– Во овој амандман на Уставот треба да се вметне и прашањето поврзано со албанскиот јазик. Дваесетте проценти во Уставот се однесуваат исклучиво на албанскиот јазик. Затоа побаравме да седнеме со сите албански партии за да разговараме за ова прашање. Сметавме дека е најпогоден момент – рече Касами.