КОШАРКА – НБА
Српскиот кошаркар Никола Јокиќ во победата на Денвер над Оклахома, со 122-110, го оствари својот 79-ти т.н. трипл-дабл (двоцифрен ефект во три статистички категории) во кариерата во НБА-лигата, со што го надмина легендарниот Вилт Чембрлен.
Кошаркарот на Денвер, Јокиќ овој нов подвиг го оствари на гостувањето кај Оклахома, во третата победа во претходните четири натпревари сезонава. На овој дуел тој имаше ефект од 15 поени, 13 скока и 14 асистенции и сега е на шестата позиција на вечната листа во НБА-лигата. На Јокиќ му требаат уште 27 триплдабл-постигнувања, за да го надмине најблискиот пред него, Леброн Џејмс, но кој веројатно ќе напредува оти игра сезонава, а има и 29 зад Џејсон Кид на четвртото место.
На вечната листа во оваа статистичка категорија води Расел Вестбрук (194), потоа се Оскар Робертсон (181), Меџик Џонсон (138), Џејсон Кид (107) и Леброн Џејмс (105)… . Г.И.