Американските федерални обвинители покренаа тужба против лицето обвинето за провалување во домот на спикерот на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, за обид за нејзино киднапирање и за напад врз близок роднина на сојузно службено лице, објавија денеска официјални претставници, пренесува Си-Ен-Ен.
Осомничениот, Дејвид ДеПапе (42) беше фатен од полицијата во петокот, во раните утрински часови. Според полицијата тој насилно влегол низ задната врата на домот на Пелоси во Сан Франциско, бил соочен со нејзиниот сопруг Пол Пелоси (82) и фаќајќи се во костец со него го удрил со чекан.
Споед властите Депапе ја барал Пелоси, кој тогаш не била дома а во Вашингтон. Тој носел „селотејп, бело јаже, втор чекан, пар гумени и текстилнои ракавици и зип врзувалки“.
Властите претходно укажаа дека Депапе имал подготвено список на лица кој планирал да ги нападне.
Инцидентот се случува на помалку од две недели до конгресните избори во САД, и се поврзува со нападите на Капитолот лани на 6 јануари.