Фото: Фејсбук/Виталиј Кличко

Градоначалникот на украинскиот главен град Киев, Виталиј Кличко, објави дека делови од главниот град на Украина се без струја и вода по денешниот ракетен напад на руските сили, пренесе „Интерфакс Украина“.

Светските новински агенции пренесуваат дека речиси половина од украинската метропола е без вода, а 270.000 домаќинства се без струја.

Кличко на Телеграм објави дека дека цел на ракетните напади биле витални инфраструктурни објекти во украинскиот главен град.

Претставници на регионалните власти во Украина соопштија дека денеска наутро руските сили извршиле ракетни напади врз неколку украински градови и региони, вклучувајќи ги Киев, Запорожје, Харков, како и Миколаевската, Виницката и Черкаската област.