КАРАТЕ-ТУРНИР ОД СЕРИЈА А
Македонската карате-репрезентативка, членка на скопскиот клуб Олимпик, Вероника Костовска го освои петтото место на турнирот од квалитетната Серија А во Турција, што претставува забележителен успех. Костовска (категорија до 61 кг) до полуфиналето извојува пет победи, а за влез во финалето беше поразена со 2-3 од Германката Рем Камиш. Во борбата за бронзениот медал, Костовска загуби со 7-10 од Египќанката Басмала Хасан.
Претходно, Костовска ги победи Италијанката Никол Гвереиро (6-1), Иранката Сеједехосалек Хосеинивелешолаи (3-1), Англичанката Меган Сализбари (3-0), Турчинката Нурбаде Бубер (1-0), Египќанката Јана Камел (5-0).
Втората македонска натпреварувачка во борби од Олимпик, Јована Георгиева (категорија до 55 кг), забележа две победи, а загуби во третото коло. Тренерите на клубот Олимпик, Александар Кузмановски и Кристијан Младеновски, изразија задоволство од постигнатиот резултат, особено што е остварен во мошне силна конкуренција. На турнирот настапија околу 1.000 каратисти од 75 држави. Г.И.