КОШАРКА – СУПЕРКУП НА МАКЕДОНИЈА

МЗТ Скопје го победи ТФТ со 100-82, а Баскет Кам беше поуспешен од Бадел 1862 со 69-61

Актуелниот кошаркарски шампион на Македонија, МЗТ Скопје, го одбрани трофејот во суперкупот „Драган Василов-Цевка“, откако славеше со 100-82 во мечот против победникот во Купот на Македонија, ТФТ. За клубот од Аеродром ова е петти пехар во ова натпреварување, со што останува најтрофеен. Кај МЗТ Скопје, Страхиња Мичовиќ беше најефикасен со 27 поени, а Мајки Кафи и Дамјан Стојановски уфрлија по 18. Кај ТФТ, Лаклан Андерсон беше прв стрелец со 20 поени, додека Страхил Николов реализира 19.

Кошаркарките на Баскет Кам од Македонска Каменица, пак, освојувачки на Купот на Македонија, во мошне неизвесен меч успеаја да триумфираат во женскиот Суперкуп на Македонија, победувајќи го големиот ривал и актуелен шампион на Македонија, Бадел 1862 со 69-61. Сања Адамовска со 21 и Цветанка Димова со 20 поени беа најефикасни кошаркарки кај победничкиот состав, додека кај поразениот, доминираше Кејтлин Метју со 25 коша.

И двата натпревара се одиграа СРЦ „Кале“ во Скопје. Г.И.