На сцената на Македонскиот народен театар, на 4 и 5 октомври, со почеток во 20 часот, ќе гостува Белградско драмско позориште од Белград, со претставата „Лет над кукавичиното гнездо“, според текстот на Кен Кеси/Дејл Васерман, а во режија на Жанко Томиќ.
Станува збор за големото враќање на Драган Бјелогрлиќ на сцената на Белградско драмско позориште, во легендарната црна хумористична сатира за поединецот во репресивното општество, институциите за ментално здравје и слободата на духот. Главниот лик на Редни П. Мекмарфи го игра Драган Бјелогрлиќ, а другите актери се: Слободан Бода Нинковиќ, Милан Чучиловиќ, Даниел Сич и др. Оваа драма е напишана во 1962 година, a првата изведба е во 1963 година, на Бродвеј, со Кирк Даглас во главната улога. Признаен од критиката како еден од најдобрите филмови во историјата на кинематографијата, „Лет над кукавичиното гнездо“ (1975) на Милош Форман освои „оскари“ за најдобра режија и најдобар филм, за главна женска улога, која ѝ припадна на Луиз Флечер, и за машка улога на Џек Николсон, за главниот лик на Редни П. Мекмарфи.