Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во синоќешното обраќање до нацијата ги обвини руските сили за мачење на населението во окупираниот украински регион Харков.
– Во ослободениот регион откриени се најмалку на десет места за мачење. Тортурата беше широко распространета практика на окупираната територија – изјави Зеленски.
Тој ги нарече руските сили окупаторите и фашисти и нивното однесување го поистовети со однесувањето на нацистите.
– Како и нацистите, Русите за своите постапки ќе одговараат на суд. Ќе ги утврдиме идентитетите на сите оние кои мачеа и малтретираа луѓе – посочи Зеленски.
Тој додаде дека докази за мачење пронајдени се и на телата откриени во масовната гробница во шума во близина на градот Изјум.
Меѓународната заедница вчера побара формирање на меѓународен суд кој ќе ги истражува воените злосторства во Украина.