Почина актуелниот амбасадор на Македонија во Германија Рамадан Назифи.
Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска изрази сочувство до семејството на Назифи, посочувајќи дека тој бил извонреден човек и дипломат.
-Со длабока тага ја примив веста за смртта на амбасадорот Рамадан Назифи, актуелен амбасадор на Северна Македонија во Берлин од 2019 година, амбасадор во Швајцарија од 2009 до 2013 година и долги години во Министерството за надворешни работи како кариерен дипломат. Рамадан, со кого изградив лично пријателство, беше извонреден човек и дипломат и ќе остане запаметен од колегите во Министерството. Упатувам сочувство до семејството, пријателите и вработените во Министерството.
Нека почива во мир – напиша Османи на Фејсбук.