Најмалку 10 лица, повеќето ученици од основно училиште, загинаа кога камион што превезувал железо удрил во автобуска станица во предградие на Џакарта.
Учениците по завршувањето на наставата чекале превоз кога камионот удрил во автобуската постојка, пренесува АП.
На автобуската постојка имало 20-ина ученици.
Камионот удрил и во телекомуникациски столб, кој паднал на мотоцикли и на пикап на патот, а загинал и возачот на пикапот.
Полицијата соопшти дека го привела возачот на камионот.
Причината за несреќата засега не е позната