Непознати сторители синоќа ја искршиле урбаната опрема која го украсува плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица, информираат од ЈПКД „Комуналец“.
На удар на вандалите повторно биле жардинериите со цвеќиња, кои се поставени во овој дел на градот.
Според информацијата од струмичкото комунално претпријатие вандализмот најверојатно е дело на млади луѓе кои под дејство на алкохол во вечерните часови ја уништуваат урбаната опрема.
Од ЈПКД „Комуналец“ го осудуваат вандализмот и апелираат на подигање на свеста кај несовесните граѓани кои ги уништуваат јавните добра.
Од почетокот на годината досега повеќе пати на удар е урбаната опрема на Плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица.