Македонија во групата Д го освои третото место

КОШАРКА – ЕП ЗА КАДЕТИ, ДИВИЗИЈА А, ВО СКОПЈЕ

Кошаркарска репрезентација на Македонија со една победа и два пораза го заврши својот настап во групата Д, на третото место на Европското првенство (ЕП) во Скопје, за играчи до 16 години (дивизија А), каде што настапуваат вкупно 16 селекции. Црвено-жолтите по победата над Црна Гора (69-62) и двата пораза од фаворизираните селекции на Грција (48-78) и Шпанија (59-86), за противник во осминафиналната нокаут-фаза ја добија квалитетната репрезентацијата на Турција, која, пак, го освои второто место во групата Ц, претрпувајќи убедлив пораз од Италија (59-77) во третиот меч. Избраниците на македонскиот селектор Андреј Апостолски Лечиќ, натпреварот со Турција ќе го играат денеска во СРЦ „Кале“ (18.45 ч.).
Во другите двојки од нокаут-фазата, покрај дуелот Македонија – Турција, се среќаваат: Шпанија – Полска, Словенија – Холандија, Италија – Црна Гора, Грција – Летонија, Литванија – Данска и Србија – Израел.


Резултати, група Д

1. коло: Црна Гора – Македонија 62-69, Грција – Шпанија 75-47
2. коло: Шпанија – Црна Гора 74-66, Македонија – Грција 48-78
3. коло: Шпанија – Македонија 86-59, Црна Гора – Грција 45-79
Табела: Грција 6, Шпанија 5, Македонија 4, Црна Гора 3 Г.И.