Фото: Маја Јаневска-Илиева

КОШАРКА

Војдан Стојановски и во следните две сезони ќе биде кошаркар на МЗТ Скопје. На тој начин, актуелниот шампион го обезбеди братскиот тандем Стојановски, кој ќе остане во сино-белиот дрес, а кој заедно првпат ќе игра и во Јадранската лига.
Војдан Стојановски пристигна во МЗТ Скопје во почетокот на годинава, по 11-месечна пауза, поради тешка повреда на коленото. Тој е единаесеттиот кошаркар со кој во моментов располага тренерот Александар Петровиќ, по Дамјан Стојановски, Адем Мекиќ, Бојан Крстевски, Андреј Магдевски, Дамјан Робев, Андреј Андоноски, Американците Бре Ајви, Мајк Кафи и Еван Максвел, како и српскиот интернационалец Страхиња Миќовиќ. Тука се и надежните Димитар Иванов, Бојан Величковски и Марко Спасовски.
Браќата Стојановски се и единствените што ги продолжија договорите во однос на кошаркарите од лани. Крстевски, Ајви, Робев и Мекиќ и од порано имаа договори, а клубот се засили со Миќовиќ, Кафи, Максвел, Магдевски и Андоноски. Г.И.