На списокот има 24 кошаркари, а планирано е подготовките да почнат на 8 август, за средбите со Данска на гости и со Словачка дома на крајот на август

ПРЕТКВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО ВО 2025 ГОДИНА

Александар Јончевски, новиот селектор на македонската репрезентација, го соопшти поширокиот список со кошаркари за почетокот на претквалификациите за пласман во квалификациите за Европското првенство (ЕП) во 2025 година во Летонија, Кипар и во Финска. Во составот има повеќе млади кошаркари, како што се Амар Хот, Гоце Петрушевски, Резарт Мемед, Димитар Пандев и други.
Се очекува Јончевски наскоро да го скрати овој список. Планирано е репрезентативните подготовки да почнат на 8 август. Дуелите од овој прв циклус се закажани за 25 август, кога Македонија треба да игра со Данска на гости и на 28 август со Словачка дома.
Состав: Андреј Магдевски, Војдан Стојановски, Дамјан Робев, Бојан Крстевски, Адем Мекиќ (сите од МЗТ Скопје), Бобан Стајиќ, Љубомир Младеновски, Стојан Ѓуроски (Пелистер), Ваљмир Какруки (Работнички), Виктор Ташовски, Андреј Маслинко (ТФТ Скопје), Андреј Митревски, Амар Хот (Феникс), Виктор Ефремовски (Гостивар), Филип Бакоч (Навико Академија ФМП), Резарт Мемед (Аурора баскет), Теодор Симиќ (Барселона), Ненад Димитријевиќ (Валенсија), Гоце Петрушевски (Сан Северо), Марко Миловановиќ (Кремона), Кристијан Николов (Торку Конјаспор), Андреј Јакимовски (Универзитет Вашингтон), Лука Савиќевиќ (Источен универзитет Мичиген), Димитар Пандев (Универзитет Индијана). Г.И.