Фото: З.А.

Утре манастирот „Пресвета Богородица Пречиста“ крај Кичево, ќе го одбележи големиот верски празник Илинден а воедно ќе ја одбелеи и 10-годишнината од прогласување за светци на тројцата преподобни маченици Свети Евнувиј, Свети Аверкиј и Свети Пасиј.

– Манастирот „Пресвета Богородица Пречиста“ утре ќе го одбележи големиот верски празник Илинден. Во исто време ќе биде одбележана и 10 годишнината од канонизацијата на тројцата Пречистански преподобни маченици кои пострадале во 1558 година. Одбележувањето на Илинден ќе започне вечерва кога ќе биде отслужена вечерна Архиерејска Богослужба, а утре наутро ќе се отслужи и Света Архиерејска Литургија. И на двете ќе богослужи митрополитот дебарско-кичевски Тимотеј. Инаку, тројцата преподобни маченици се канонизирани во 2012 година, кога во нивна чест во манастирот се одржа голем црковно-народен собир со присутво на верници од сите краишта во земјава – истакнаа од свештенството.

З.А.