Фото: М.М.

Со доделување на награди за најдобрите македонски културно уметнички друштва и со одржување на интернационална вечер што ја приредија гостите од Шпанија, Италија, Колумбија, САД, Србија и Полска, во Битола спуштена е завесата на 52 издание на Фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови”, кој годинава се одржа под мотото „Од корените до цветот”.

Стручното жири во остав д-р Владимир Јаневски, д-р Родна Величковска, д-р Мирјана Мирчевска, д-р Беким Рамадани и м-р Христијан Николовски, донесе одлука награда за најуспешна група која презентираше традиционална музика и игра да и ја додели на ЖФК „Радовишанки” од Радовиш, наградата за најуспешна група која презентираше староградска музика и игра доби КУД „Далги” од Охрид, оркестарот на фолклорниот ансамбл „Китка” од Истибање ја доби наградата за најуспешен изворен состав, вокалната солистка Дијана Анастасовска членка на КУД „Илинден”-Битола е прогласена за најдобра вокалистика, додека КУД „Илинден” од Струга се наградени за ансамбл кој презентира најуспешна и најкомплетна изворна носија.

Инаку годинашното 52 издание на Илинденски денови беше едно од најдолгите досега.

Годинава фестивалот траеше 12 фестивалски денови, во кои се одржаа 61 настан од разни области, почнувајки од фоклорот бројните концерти, изложби, промоции на книги, филмски проекции, перформанси, работилници за деца, стручни конференции.
На годинашните Илинденски денови зедоа учество 1.300 учесници и гости од седум земји учеснички: Америка, Мексико, шпанија Италија, Србија, Колумбија, Полска.

Истиот се одвиваше на три паралелни сцени.

М.М.