Преку бројот за итни повици 112 и во директни телефонски резговори на граѓани со ТППЕ Кочани и преку бројот 195 добиени се пријави за поплави на повеќе објекти во општина Кочани.
Пријавени се и паднати дрва по улиците и коловозите, како и скинати кабли од електрични линии.
Екипите на ТППЕ Кочани се излезени на терен и работат на испумпување на поплавените објекти.
Неофицијално цел град е поплавен.
Од ТППЕ Кочани било побарано доколку може да се побара помош од околните ТППЕ единици за да интервенираат.