Најдобрата макeдонска тенисерка Лина Ѓорческа се пласираше во финалето на ИТФ турнирот во Оломуц, Чешка.
Ѓорческа ја победи Дарја Астакхова од Русија во маратон од два часа и десет минути, со резултат 2-1 во сетови (6-2, 3-6, 6-3). Така, по елиминацијата на Болсова, Наваро и руската ривалка, македонската тенисерка ќе игра за трофејот.
Во финалето во Оломуц, Ѓорческа ќе се бори со домашна тенисерка. Се работи за Сара Бејлек, која има само 16 години и важи за голема надеж на оваа земја. Бејлек во полуфиналето ја исфрли Нахимана, а во моментов е рангинрана подобро од Лина на 181. место на ВТА листата.
Финалето е закажано за утре во 13 часот.