Во Прилеп, во еден часот по полноќ во пожар изгоре патничко моторно возило. На улицата „Киро Нацевски Фетак“ изгоре возило марка „пежо“ сопственост на прилепчанецот со иницијали Р.Н. на возраст од 65 години.
Последното опожарено возило е сопственост на лекар, а неговата сопруга е раководно лице во Општина Прилеп, според информациите од дописничката на „Нова Македонија“ од Прилеп.
Противпожарната единица го изгаснала пожарот, а повредени лица нема, соопштуваат од СВР Битола. Полицијата изврши увид на местото на настанот.
Сања Стаматова, портпарол на СВР Битола, потврди дека во градот има зајакнато полициско присуство се додека целосно не се расчистат сите случаи, во кои беа опожарени возила.
Ова, официјално е трето опожарување возила во Прилеп за околу еден месец.
Вчера, рано изутрината беше запален автомобилот на пратеникот Петар Ристески, во што настрада и возилото на неговиот татко, а пред речиси еден месец беше запалено и возилото на директорот на прилепски комуналец Рубин Абрашоски.