Андреа Коевска, македонската годинешна преставничка на „Евровизија“, каде ја испеа „Circles“, на композиторот и продуцент Александар Масевски, во чие создавање и самата учествуваше, деновиве е актуелна со нова песна.
Новата летна тема на 22-годишната пејачка е насловена „Close to the sun“ или на македонски „Блиску до сонцето“.
– Се работи за позитивна песна која е во комплетен емотивно-ритмичен склад со летните денови што се во тек и воопшто периодот што ни претсои. Се надевам дека оваа песна ќе им се допадне на слушателите. Инаку, со Андреа работиме и на нови песни, што ќе бидат промовирани во наредниот период – вели Масевски. М.Т.