Колекторскиот систем што води за село Зајас, уште на самиот почеток наиде на големи проблеми создадени од неодговорни граѓани, кои го оштетуваат штотуку започнатиот систем со кражби на металните капаци.
Колку се чести кражбите на капаците од овој колекторски систем најдобро зборува бројот на украдени капаци, каде само во должина од 2 километри украдени се над 20 метални капаци од шахтите , потврди директорот на комуналното претпријатите, Зенел Јонузи.
-И во претходниот период се случувале кражби на капаци од шахти, но во толкав обем како овој пат сме немале, кога за само неколку месеци украдени се над 20 метални капаци од шахти од новиот колекторски систем кој води кон село Зајас. Со овој чин крадците направија многукратна штета, најпрво шахтите без капаци можат да бидат опасност некој да пропадне па и да загине, а истотото може да се случи и на добитокот кој се напасува во близина на колекторот – вели Јонузи и нагласи што све се подготвени да сторат кратците за да ги извадат капаците.
– Решителноста на крадците е толкава што ги крадат и метални капаци кои претходно беа заварени и тие најпрво го отстрануваат заварениот дел и потоа без проблем го подигаат капакот и најверојатно ги продаваат на отпадите за старо желези – додава Јонузи.
Посочи дека со овој проблем запознаена е полицијата но досега, како што вели тој, нема соодветно решение со кое трајно ќе се реши овој горлив проблем и наведе дека при овие кражби е направена материјална штета на компанијата од повеќе илјади евра.
З.А.