Фото: Пиксабеј

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 1.365 тестови, а регистрирани се нови 494 случаи со ковид-19 и 276 оздравени пациенти. Од вкупниот број на позитивни (494), регистрирани се 105 реинфекции. Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица.

Од 494 новозаболени од Скопје се 251, Битола и Охрид – по 38, Куманово и Велес – по 23, Тетово – 19, Прилеп – 17, Кавадарци – 11, Гостивар – 10, Гевгелија – 8, Кочани – 7, Струга – 6, Штип и Крива Паланка – по 5, Струмица, Неготино и Радовиш – по 4, Ресен, Свети Николе и Кратово – по 3, Делчево, Берово, Валандово, Виница и Пробиштип – по 2, Кичево и Македонски Брод – по 1.

Од 276 оздравени пациенти од Скопје се 159, Куманово – 22, Битола -19, Кавадарци – 11, Велес и Струмица – по 8, Охрид, Тетово и Гостивар – по 7, Штип – 5, Прилеп – 4, Кочани и Радовиш – по 3, Кичево, Ресен, Валандово, Демир Хисра и Дојран – по 2, Гевгелија, Неготино и Кратово – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 2.094.710 тестирања на ковид-19. Вкупниот бројна дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 317.634, бројот на оздравени пациенти е 305.988, на починати е 9.337, а на активни случаи изнесува 2.309