Како дел од програмата на битолското културно лето, вчера во Битола започна Балкан гала фестивалот. На првата концертна вечер на рок симфонија во придружба на Камерниот оркестар на Битола, настапија Ристо Вртев – Архангел, Гиле – Електрични Оргазам, Михајло Трајковски – Сак, Петар Младеновски – Суперхикс, Ружица – Ареа и Жарко Јакимоски.
Вечерва, како дел од поп симфонијата, со почеток во 20.30 часот на ракометното игралиште настапуваат Ламбе Алабаковски, Тони Цетински, Гоца Тржан, Ристо Самарџиев, Горан Каран, Викторија Лоба, Александра Јанева и Виктор Апостоловски.
Балкан Гала ’22 е уникатен дводневен фестивал единствен на овие простори, кој го сочинуваат најпопуларните проекти на Камерниот оркестар на Битола во комбинација со најдобрите домашни и најпознатите изведувачи од Балканот.
Двете концертни гала вечери се исполнети со многу гости, придружувани од Камерниот оркестар на Битола составен од над 40 музичари.
Овој фестивал е уникатна можност публиката да ги слушне нивните омилени песни и артисти во сосема нови симфониски аранжмани.
М.М.