ТЕНИС – Вимблдон
За Новак Ѓоковиќ кажува многу тоа дека негативата од два сета на тенискиот гранслем-турнир Вимблдон во денот кога едвај бил на најдоброто ниво никогаш не изгледала непремостливо, ниту за него, ниту за некој што гледа, пишува „АП“. Кажува многу за неговата историја на надминување на тој вид дефицит, многу за неговата способност да се приспособува и да се исправа. Многу за неговата моќност во клубот Ол Ингланд во претходниве години, пишува „АП“.
Ѓоковиќ го победи 10-от носител Јаник Синер од Италија, со 5-7, 2-6, 6-3, 6-2, 6-2 на Централниот терен, пласирајќи се во 11-то полуфинале на Вимблдон со 26-та последователна победа на тој гранслем-турнир на трева. Ѓоковиќ утре игра со деветтиот носител, Британецот Нори. Кај мажите, само Роже Федерер има повеќе настапи во полуфиналето на Вимблдон, 13.