Eвропските уметници Павел Алтхамер и Артур Жмијевски две недели ќе создаваат нови уметнички дела во рамки на со отвореното студио во Музејот на современа уметност (МСУ) во Скопје, а дел од нив ќе ги донираат на музејот и со тоа ќе ја збогатат вредната уметничка колекција на МСУ.
Ова е голем куриозитет, земајќи предвид дека уметниците се од Полска, а улогата на оваа земја во создавањето на објектот на МСУ и за Скопје воопшто е од непроценливо значење. МСУ е симбол на солидарно Скопје, кога по катастрофалниот земјотрес во 1963 година, на распишаниот конкурс за изградба на нов објект, оној, каде денес е сместен нашиот музеј, првата награда ја добива познатото архитектонско студио „Тигри“ од Полска. Владата на Полска во знак на солидарност го донира овој проект на Скопје, а денес МСУ во својата колекција помеѓу другите значајни дела, располага со над 200 уметнички донации од полски уметници (212 дела од 135 уметници). Со оглед на тоа што досегашните донации се од периодот 1964-1990 година, Жмијевски и Алтхамер ја продолжуваат низата донации со современи дела.