Со симпозиумот на тема„ Фолклорот во минатото и денес“ што се одржа денеска во ЦК „Марко Цепенков“ започнаа активностите за 48 фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ кој започнува вечерва и ќе трае до утревечер.
Свеченото отворање е вечерва од 20 часот на камената бина во центарот на Прилеп. При тоа освен што ќе настапат дел од учесниците ќе има и изложба на фотографии на невестински носии „Од Љубанишча до дебор“. При тоа беше промовиран и зборникот на трудови 3.
Фестивалот има меѓународен карактер, а годинава ќе се претстават околу 300 учесници. Фестивалот продолжува утревечер на Рудина во општина Долнени.
Во рамките на фестивалот деновиве се одржа семинар за изучување на традиционалните народни инструменти и песни.
Ка.М.