Фото: Нова Македонија / Архива

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 894 тестови, а регистрирани се 193 нови случаи со ковид-19 и 97 оздравени пациенти. Од вкупниот број на позитивни (193), регистрирани се 49 реинфекции. Во текот на изминатите 24 часа не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“ регистрирани се две починати лица од Скопје (85 години) и Берово (76 години), починати во јуни. Едното лице е починато во болнички услови, а другото во домашни услови, соопшти Министерството за здравство.

Од 193 новозаболени од Скопје се 109, Битола – 17, Куманово – 15, Кавадарци – 11, Велес – 7, Гостивар и Штип – по 6, Кичево – 5, Прилеп – 4, Тетово, Струмица и Радовиш – по 3, Кочани, Гевгелија, Неготино и Демир Хисар – по 1.

Од 97 оздравени пациенти од Скопје се 62, Битола – 5, Тетово, Струмица, Кочани и Охрид – по 4, Кавадарци и Неготино – по 3, Велес и Штип – по 2, Гостивар, Прилеп, Богданци и Македонски Брод – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 2.082.690 тестирања на ковид-19. Вкупниот број дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 314.211, бројот на оздравени пациенти е 303.989, на починати е 9.327, а на активни случаи изнесува 895.