Се проширува булевар „Македонија” во Кавадарци, ќе има повеќе паркинг места, информираа денеска од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.
Оттаму информираат дека истовремено, се работи на поплочување на тротоарот од двете страни на улицата „Задругарска“, по што работите ќе продолжат на едната страна од улицата „Пиринска“. Ќе се вградат вкупно 1.600 квадрати бекатон коцки.
Од општината додаваат и дека дел од интензивната комунална изградба, значи уредување на просторот, но пред се, зголемување на безбедноста во градот.