Одбојкарската репрезентација на Македонија ја совлада Унгарија со 3-2 (25-22, 18-25, 25-15, 19-25 и 15-7 по сетови) за да го освои третото место во Европската сребрена лига.
Капитенот Никола Ѓоргиев одигра одличен натпревар забележувајќи 28 поени, додека Стојан Илиев имаше 17 поени.
Македонија вчера беше поразена од Финска со резултат 1-3 во полуфиналето на фајналфор-турнирот во Будимпешта.
Одбојкарската репрезентација по вторпат го освои третото место во ова натпреварување, во седмиот настап на фајналфор-турнирот, додека има и четири втори и едно четврто место.