Грчкиот премиер Алексис Ципрас ја прифати оставката на министерот за надворешни работи Никос Коѕијас, јави грчката државна телевизија ЕРТ.
Ципрас топло му се заблагодарил за неговиот придонес во Владата во изминатите три и пол години.
Министерството за надворешни работи го презема премиерот со цел успешно заокружување на Договорот од Преспа.