Уште двајца министри во бугарската Влада денеска ќе поднесат оставки. Шефицата на дипломатијата Теодора Генчовска и министерот за енергетика Александар Николов поднесоа барања за напуштање на кабинетот. Тоа е резултат на одлуката на бугарската партија „Има таков народ“ да стави крај на владејачката коалиција и да го напушти кабинетот.
Според лидерот на таа партија има две причини за тоа – двојната политика на премиерот Кирил Петков кон Македонија и беспарицата во земјата.
По излегувањето на партијата од власта, оставки веќе поднесоа министерот за спорт Радостин Василев и за регионален развој и јавни дејности Гроздан Караџов.