Во дербито на колото на првата шаховска маса, Аклкалоид и италијанска Падова (рангирана 6-та), дотогаш водечки екипи со ист број на поени и по кола и по табли, одиграа нерешено 3-3, што е прво реми и за двата клуба. На првите четири табли беше потпишано примирје, на петата загуби членот на Алкалоид, Украинецот Павел Елјанов, но на шестата, цел поен освои неговиот сонародник, Јуриј Криворучко.
Повеќе решени партии пак, имаше кај вториот македонски преставник, каде цел поен освоија Петар Арнаудов и Никола Николовски, кој успеа и да го матира својот ривал на третата табла, додека ремизираа Зоран Стојчевски и Љубиша Андоновски.
Второто дерби денеска, помеѓу азербејџански Одлар Јурду и норвешки Валеренга заврши со победа на Норвежаните со 3,5-2,5, а единствената победа ја забележа босанскиот велемајстор Борки Предојевиќ на петтата табла, Дуелот на првата табла помеѓу шахистите со рејтинг над 2.800 поени, актуелниот светски првак Магнус Карлсен (2.839) и Шахијар Мамеѓаров (2.820), заврши со реми во 36. потег.
На две кола до крајот, Алкaлоид е на четвртата позиција со девет бода, колку што имаат уште три екипи, но според дополнителниот критериум, води Падова, пред Нови Бор и Валеренга, додека Гамбит Асеко СЕЕ со 9 бода (16 поени по табли) или две победи, две ремија и само еден пораз, е на одличното 17-то место. Во следното 6-то (претпоследно) коло, Алкалоид ќе игра со Валеренга, додека Гамбит Асеко СЕЕ со израелски Реховод (рангиран 25-ти).
(6) ПАДОВА – (1) АЛКАЛОИД 3-3
ВМ Ванг (2.722) – ВМ Динг (2.804) реми (30. потег)
ВМ Леко (2.690) – ВМ Ју (2.756) реми (50)
ВМ Валејо Понс (2.713) – ВМ Андрејкин (2.723) реми (14)
ВМ Зунига (2.641) – ВМ Јаковенко (2.752) реми (44)
ВМ Вокатуро (2.615) – ВМ Елјанов (2.703) 1-0 (50)
ВМ Брунело (2.548) – ВМ Криворучко (2.697) 0-1 (36)
(27) ГАМБИТ АСЕКО СЕЕ – (24) БСГ 3-3
ВМ Арнудов (2.542) – ИМ Риемерсма (2.460) 1-0 (44)
ИМ Данчевски (2.358) – ИМ Лива (2.435) 0-1 (40)
ИМ Николовски (2.369) – ИМ Валемзе (2.408) 1-0 (36)
ФМ Стојчевски (2.384) – ИМ Отес (2.372) реми (46)
ИМ Подлесник (2.365) – Ван ден Хајден (2.300) 0-1 (39)
ФМ Андоновски (2.287) – ИМ Ван Бек (2.281) реми (71)
ПОЗНАЧАЈНИ РЕЗУЛТАТИ 5-ТО КОЛО
(3) Одлар Јурду – (5) Валеренга 2,5-3,5
(2) Нови Бор – (8) Бер Шева 3,5-2,5
(4) Медни Всадник – (20) Цирих 4,5-1,5
(15) Дунајска Стреда – (21) Ејнатен 3-3
(7) Молодежка – (35) Амајтоис 5,5-1,5
(9) Итака – (11) КГСРЛ 4-2
Г.И.