Триесет и седумгодишната Х.В. од Битола, во саботата е лишена од слобода поради тоа што не се грижела за децата без родители сместени во мал групен дом во Битола.
Според СВР Битола на 4 јуни полициски службеници од полициската станица Битола ја лишиле од слобода Х.В.К.(37) од Битола. Според основните сомневања таа како вработена во јавна установа за згрижување за деца без родители во Битола, запоставувајќи ја својата должност, ги запуштила и малолетните деца згрижени во мал групен дом.
По документирање на случајот против неа до Основното јавно обвинтелство ќе следува кривична пријава. соопштија од СВР Битола.
Од пред неколку години, Мајчиниот дом во Битола за згрижување на деца без родители со реформите беше затворен и децата беа сместени во неколку приватни објекти, односно куќи на приватни лица, каде што вработените во Мајчиниот дом требаше да се грижат за нив. За тоа време Мајчиниот дом во Битола седи затворен и без згрижени деца. М.М.