Ракометната федерација на Македонија во текот на вчерашниот ден ја исплати наградата од 50.000 евра на машката сениорска репрезентација за пласманот на Светското првенство 2023 во Полска и Шведска, објавено е на официјалниот сајт на федерацијата.
Македонската сениорска репрезентација обезбеди пласман на „IHF World Championship 2023“ во Полска и Шведска совладувајќи ги репрезентациите на Романија и Чешка во бараж квалификациските натпревари.
Машката сениорска ракометна репрезентација го задржа континуитетот на настапи на големите натпреварувања, обезбедувајќи осмо учество на ракометен Мундијал кој ќе се одржи во Полска и Шведска во јануари 2023 година.