Загриженост, револт, но и повод за шегување предизвикаа најавите за очекуваното зголемување на цените на храната и енергенсите, како што се забележува во бројните коментари на социјалните мрежи.
Со овие цени, не се исплати да живееш
— ཇlisabetུ (@beti_bub) June 1, 2022
Неможат они цени да дигнат…
Колку што може Македончето да издржи!!!!!— ?СКИТНИКОТ? (@Skitnikot7) May 31, 2022
Гледајте на новите поскапување од позитивен аспект, од утре ќе одиме повеќе пешки (физичка активност), ќе се намали со јадење леб што е основа за здрав живот. Владата мисли на своите граѓани како да бидат повеќе фит ги одмрзнува продуктите, сега уште да ги замрзнат платите?
— Ivan Anastasovski, Ph.D (@IvanAnastasovs1) May 31, 2022
Од денеска престануваат да важат дел од антикризните мерки што Владата ги воведе во март со цел ублажување на последиците од енергетската криза и заштита на стандардот на граѓаните. Основните прехранбени продукти повеќе нема да се продаваат со нула проценти ДДВ, а од денес се враќа и ДДВ-то за бензините на 18 проценти.
Укинувањето на антикризните мерки се очекува да предизвика пораст на цените на храната и на енергенсите. Од полноќ по нова, зголемена цена веќе се продаваат горивата. Цената на Еуросупер БС-95 и на дизелот е зголемена за девет денари за литар, а на Еуросупер БС-98 за 9,5 денари за литар. За 8,5 денари за литар поскапо е и Екстра лесното масло за домаќинство. Според новите цени, Еуросупер БС-95 се продава за 104 денари, Еуросупер БС-98 за 106,5 денари за литар, дизелот за 95 денари, а Екстра лесното масло за домаќинство за 93 денари.
По информацијата за зголемување на цените на нафтените деривати вчера во попладневните часови беа забележани редици од возила пред бензинските пумпи, при што граѓаните брзаа да наполнат гориво по стара цена. Речиси и да немаше бензиска станица без редици од автомобили. На Твитер имаше реакции и за паничните обиди за снабдување со гориво пред зголемувањето на цените.
Жал ми е, ви истече времето за ефтино гориво ?
— Плава (@niighttstarr) May 31, 2022
Стварно шала на страна, колку ќе заштедат овие шо се туркаат за гориво по бензискиве ?
— dzodzo miller (@dzodzomiller) May 31, 2022
Наместо да се точи гориво пред поскапувањата, треба колите да ги оставиме пред влада и собрание и блок!
— Sirma (@Sirma23038771) May 31, 2022
Јас на бензиска идам само гумите на точакот да ги напумпам,така да ова поскапување на бензинот не ме допира.
— ??Pigs in Space ?? (@METAmorphOsiris) May 31, 2022
Во изминатите три месеци, ДДВ-то за лебот, брашното тип 400, сончогледовото масло за јадење, трајното млеко, оризот и јајцата беше намалено од пет на нула проценти, а на предлог на Министерството за економија беше донесена и одлука за намалување на трговските маржи. Како дел од 26-те антикризни мерки беа и намалувањето на акцизите и на ДДВ-то од 18 на 10 проценти на енергенсите.