Вечерва со почеток во 18 часот, во уметничкиот салон од Центарот за култура во Кичево ќе биде отворена ликовната изложба на Шпетиме Садику со работен наслов „Духовна градина“. Садику е родена во 1991 година во Базел, Швајцарија, а во 2016 година ги завршува студиите на Универзитетот во Тетово на Факултетот за ликовни уметности, едукативна насока.
-Темата на изложбата ја прикажува блиската врска помеѓу цветот, живиот свет и сликата. Токму цветот кој бил и останал постојана и заводлива инспирација за многу уметници, а во уметничките слики за разградување на духовната суштина на женскиот свет, го споредил со светот на цвеќињата. Преку своите бои и вредност, да покажат емоција со длабоки корени на женска душа, додека во физиолошки план покрај тоа што не радува, со самото тоа што се претвораат во прашина, цвеќињата доживуваат и тага и избледнување. Значи ова е нивниот краток, но доста интензивен живот, исто како и човекот – вели во најавата за својата вечерашна изложба авторката Садику.
Шпетиме Садику е учесник и на повеќе групни изложби почнувајќи од 2012 година во Приштина, се до последната колективна изложба „Пролетен салон“ организирана во 2021 година во Тетово.
З.А