КОШАРКА – НБА

Никола Јокиќ од Денвер, Лука Дончиќ од Далас и Јанис Адетокумпо од Милвоки се избрани во најдобрата петорка на сезоната во кошаркарската НБА-лига, вторпат во низа. Јокиќ е прогласен и за најкорисен играч (МВП) во лигата, а Дончиќ и Адетокумпо се главни предводници на своите клубови.
Адетокумпо четврти пат во низа е дел од најдобрата постава на сезоната во НБА-лигата, а Јокиќ и Дончиќ по третпат се во оваа група. Во идеалната петорка се најдоа уште кошаркарот на Феникс, Девин Букер, и на Бостон, Џејсон Тејтум.
Ова е наедно и најмладиот НБА-тим на сезоната во претходните 67 години, Јокиќ и Адетокумпо имаат по 27, Букер 25, Тејтум 24, а Дончиќ е најмлад со 23 години.
Во втората постава се најдоа Џоел Ембид, Џа Морант, Кевин Дурант, Стеф Кари и Дерозан, а во третата Ентони Таунс, Леброн Џејмс, Крис Пол, Тре Јанг и Паскал Сијакам.