Во посета на македонското древно светилиште „Свети Јован Крстител”, попознато како Бигорски манастир денеска беше американската амбасадорка Кејт Мери Брнз.
На средбата со Игуменот, Епископот Партениј, таа ја поздравила одлуката на Вселенската патријаршија да го признае канонскиот статус на МПЦ-ОА.
Амбасадорката на САД се запознала со манастирскиот живот во Бигорски, посетувајќи ја и библиотеката.
-На срдечната средба во работната одаја на Старецот, тој и Амбасадорката разговараа за манастирскиот живот и за севкупната евангелска и социјална мисија на Братството. Притоа, високата претставничка на САД искрено честиташе и го поздрави актот од 9 мај на Светиот Синод на Вселенската патријаршија, предводен од Неговата Сесветост, Патријархот г. г. Вартоломеј, според кој нашата Црква е примена во евхаристиско и канонско единство со сиот православен свет. По разговорот со Старецот, г-ѓа Кејт Мери Брнз и нејзината придружба имаа можност да ги разгледаат содржините на манастирот, имајќи го за свој водич нашиот собрат, Архимандритот Доситеј-стои во објавата на Бигорски.