Во 49 основни и 21 средно училиште во Белград денеска ќе се организира онлајн-настава поради дојави за поставени бомби, изјави помошник министерот за образование на Србија, Милан Пашиќ.
Во изјава за РТС тој нагласи дека 96 отсто од основните и средните училишта во Србија работат со физичко присуство и дека нема извештаи за бомби надвор од Белград.
-Во Белград тие бројки се менуваат од час во час. Последните информации од синоќа во 22 часот покажуваат дека наставата денеска ќе се организира од далечина во 49 основни и 21 средно училиште во главниот град – рече Пашиќ.
Тој додаде дека во сите училишта каде се вршени контрадиверзантски контроли било утврдено дека не биле поставени експлозивни направи, јави Бета.
Ова е втор пат неделава да има дојави за бомби во училиштата во Белград. Пред неколку дена се покажа дека се лажни. Експертите бараат одговорност, зашто за секоја дојава мора да се направи проверка.