Од почетокот на конфликтот во Украина, Варшава го снабдила Киев со воена опрема во вредност од околу седум милијарди долари, јавија полските медиуми.
Во исто време, Полска долго време зазема една од најсилните позиции против Москва и е главен поддржувач на вооружувањето на Украина, пишува Милитари воч магазин.
Киев од својот сосед наводно, добил 200 тенкови Т-72, неколку артилериски системи Гвоздика, ракетни фрлачи Град и ракети компатибилни со ловците МиГ-29 и Су-27 на украинските воздухопловни сили.