Фото: Нова Македонија / Архива

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 773 тестови, а регистриран е 21 нов случај со ковид-19 и 71 оздравен пациент. Од 21 новозаболен, кај петмина се регистрирани реинфекции. Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица.

Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој Термин“ дополнително се регистрирани две починати лица од Скопје (66 години) и Штип (80 години). Лицата, кои починале во домашни услови, се регистрирани како починати во периодот од 29 април до 1 мај годинава, соопшти Министерството за здравство.

Од 21 новозаболен од Скопје се 9, Битола 5, Кавадарци и Охрид по 2 и Штип, Кичево и Делчево по 1. Од 71 оздравен пациент од Битола се 21, Скопје 16, Кавадарци и Охрид по 7, Кичево 5, Прилеп и Берово по 4, Куманово 2 и Штип, Кочани, Неготино, Ресен и Демир капија по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 2.023.422 тестирања на ковид-19. Вкупниот број дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 309.790, бројот на оздравени пациенти е 299.936, на починати е 9.282, а на активни случаи изнесува 572.